Осигурително покритие за болничко лекување поради Covid-19
Покритието за болничко лекување на ковид-19 може да се склучи како дополнителен ризик во рамките на CROCARE пакетите за семејно и колективно осигурување, односно осигурителна заштита за семејството или од страна на компаниите за своите вработени.
Покритието е наменето е за лица над 18 години што примиле две дози вакцина, или лице на возраст над 18 години, кое не било вакцинирано, но му била изречена мерка за изолација / решение при што до моментот на хоспитализација поради ковид-19 поминале најмалку 30 дена од денот на престанокот на мерката изолација.
Во пакетот за колективното осигурување, осигурената сума изнесува до 5 000 евра, која зависи од просечната старост на колективот, додека кај семејното осигурување изнесува 5 000 евра за целото семејство во годишен агрегат, а пристапната возраст на осигурениците е до 50 години.